Хамас го ракетираше Ашкелон

Терористичката група Хамас во кратко соопштение денеска објави дека лансирала најмалку 150 ракети кон Ашкелон. Според израелски медиуми, активиран е системот за ПВО и видливи се пресретнувања на ракети небото над градот.

Во изминатите 14 часа немаше испукани ракети од Хамас кон територијата на Израел.

Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, претходно соопшти дека во израелските напади врз Газа во изминатите 24 часа биле убиени 13 заробеници.

Шест од заложниците биле убиени во напади на две одделни локации во северниот округ и уште седум загинале во нападите што погодија три локации во областа Газа.

Останува нејасно точно колку израелски заложници зеде Хамас кога го изврши својот упад на територијата на Израел од саботата.

Најновиот официјален број на загинати од Израел изнесува 1.300. Портпаролот на израелската војска изјави дека владата успеала да го потврди идентитетот на 97 лица заложници во Газа за време на нападот на Хамас, но се верува дека таа цифра е над 100.

Израелската авијација фрлила 6.000 бомби врз Газа од саботата додека денеска израелската војска објави наредба за евакуација. ОН соопштија дека им било кажано од израелската војска дека околу 1,1 милион Палестинци во северниот дел на Газа треба да се преселат на југот на енклавата во следните 24 часа.

Властите на Хамас за прашањата на бегалците денеска ги повикаа жителите на северот на територијата „да останат одлучно во своите домови и да застанат цврсто пред оваа одвратна психолошка војна што ја води окупацијата“. Канцеларијата за хуманитарна помош на ОН рано денеска соопшти дека повеќе од 400.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови во Појасот Газа. 

Треба да знаете
Последни објави