Најмалку 13 израелски и странски заложници држени во Појасот Газа се убиени во израелски воздушни напади во изминатите 24 часа, соопшти вооруженото крило на Хамас.
– Тринаесет затвореници … вклучително и странци беа убиени на пет локации кои беа цел на израелски борбени авиони, се вели во соопштението на Бригадите Изедин ал Касам.
Хамас зароби околу 150 луѓе кога го почна својот напад на 7 октомври. Се закани дека ќе убие заложници доколку Израел без предупредување ги бомбардира домовите на цивилите.