Шефот на Хезболах се сретна со иранскиот министер за надворешни работи

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан разговараше за нестабилната ситуација на Блискиот Исток со лидерот на терористичката група Хезболах.

Во соопштението на Хезболах се вели дека Амирабдолахиан и генералниот секретар на Хезболах Хасан Насрала се состанале во Бејрут рано утрово за да разговараат за „израелската агресија врз Газа и бруталните злосторства извршени врз нејзиниот народ“.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека постои загриженост дека Хезболах кој е поддржан и вооружен од Иран, може да се приклучи на војната со Израел. Во изминатите денови се забележани спорадични акти на насилство долж либанско-израелска граница каде што ситуацијата е затегната.

Треба да знаете
Последни објави