Битиќи на важна средба, на повидок инвестиции на Хјундаи, Самсунг, ЛГ?

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска 13.10.2023 година (петок) ќе оствари средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја, која ја сочинуваат претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, Лоте, и Корејската трговска и индустриска комора.

Дали оваа средба ќе значи и евентуален влез на директни инвестиции во Македонија на некои од овие компании, останува да видиме по завршување на средбата.

Треба да знаете
Последни објави