Скандалот со обложување од страна на фудбалери во Италија доби нова димензија откако беше обелоденето дека Николо Фаџоли не е единствениот кој ги прекршил строгите правила. Фудбалерот на Јувентус вчера ја призна вината за случајот против него, но денеска беше обелоденето дека постојат докази за уште најмалку двајца италијански репрезентативци кои на идентичен начин ги прекршиле правилата. Станува збор за Сандро Тонали и за Николо Заниоло, двајца фудбалери кои сезонава настапуваат во Премиер-лигата, но кои во времето минато во Италија (Тонало додека играше за Милан, а Заниоло за Рома) се обложувале на фудбалски натпревари.
Откако нивните имиња беа јавно обелоденети како нови вклучени во скандалот, Италијанската Фудбалска Федерација објави дека Тонали и Заниоло го напуштиле репрезентативниот камп, иако беа на списокот на селекторот Спалети за дуелот со Малта.
-Истрагата се уште е во тек, но двајцата фудбалери не се во посакуваната состојба за да останат фокусирани само на репрезетнацијата, поради што беше донесена одлука тие да се вратат во своите клубови, објави Италијанската федерација.