Израелската армија призна дека евакуацијата од Газа „ќе потрае“

Израелската војска денеска призна дека ќе биде потребно време за Палестинците да ги следат нејзините наредби за евакуација од северот на Газа, но не го потврди извештајот на ОН дека поставил краен рок од 24 часа.

„Се обидуваме да обезбедиме време, правиме многу напор и разбираме дека нема да потрае 24 часа“, изјави портпаролот на армијата, Даниел Хагари.

„Нема да кажам дека тоа е точно време“, додаде тој, запрашан да потврди дека армијата ги информирала официјалните лица на ОН дека луѓето од Газа имаат 24 часа да се евакуираат.

Светската здравствена организација (СЗО) нагласи дека барањето од пациентите во болниците да се евакуираат во Газа е „смртна казна“, а генералниот директор на агенцијата го повика Израел да ја повлече својата одлука со која нареди евакуација. 

СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ги информирале дека е невозможно да се евакуираат болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската војска повика цивилите да се евакуираат на југ во рок од 24 часа. 

„Значи, преместувањето на тие луѓе е смртна казна. Барањето од здравствените работници да го сторат тоа е повеќе од сурово“, изјави портпарол на СЗО. 

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека болниците во Газа се на „пресудна точка“ и апелираше директно до Израел да ја откаже наредбата за евакуција.

Треба да знаете
Последни објави