Два месеци пожар и поплава: визуелизирани климатски катастрофи во Грција

Грција е во војна со климатските промени. Шумски пожари и рекордни врнежи ја уништија земјата ова лето, прво изгореа цели шуми, а потоа поплавија цели градови. Еве поглед на двомесечните катастрофи што ќе ја остават земјата изменета со години, објави NBC News

Топлите, суви услови, за кои научниците рекоа дека се влошени од климатските промени, создадоа едно од најтоплите лета во Грција досега и совршени услови за пожари во кои загинаа најмалку 18 луѓе.

Додека вкупниот број на пожари регистрирани оваа година е 51, и е помал од минатогодишните 66, пожарите изгореа речиси девет пати повеќе земја.

„Пожарите се најголемите со кои некогаш се соочила Европската унија“, рече во август Јанез Ленарчич, европски комесар за управување со кризи.

Научниците велат дека екстремните временски феномени ќе бидат почести бидејќи ефектите од климатските промени се влошуваат.

Кога сè заврши на почетокот на септември, жителите почнаа да се враќаат во она што остана од нивните села само за да бидат погодени од рекордни врнежи.

Бурата Даниел, смртоносниот циклон што ги поплави областите на Медитеранот од Грција до Либија на почетокот на септември, стана една од најжестоките бури што Грција некогаш ги видела, корнејќи ги куќите од нивните темели со врнежи од дожд кои траеја три дена и однесоа најмалку 17 животи.

Домовите и патиштата беа уништени, мостовите се урнаа, а плодните култури во тесалиските рамнини во западна Грција – познати како корпа за леб на земјата – беа збришани. Многу земјоделци ја загубија својата животна егзстенција.

Во руралните градови како Коскинас и Паламас, кои беа едни од најтешко погодените области, ѕидовите беа откорнати од домовите, а автомобилите беа покриени со густа тиња додека луѓето со денови ги бараа своите работи.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис минатиот месец изјави дека земјата се соочила со „невиден временски настан, катастрофа од огромни размери“.

Само неколку дена подоцна, бурата Илијас направи хаос во пристанишниот град Волос, повторно поплавувајќи ги улиците кои едвај пресушија од претходната катастрофа.

Повеќе од 3.000 луѓе беа евакуирани поради дожд, соопшти минатата недела противпожарната служба на земјата

Треба да знаете
Последни објави