Евакуирана е и железничката станица во Париз

По Лувр и Версајската палата, денеска беше евакуирана и железничката станица Гар де Лион во Париз, откако беше откриено шише со азотен оксид.

Од полицијата наведуваат дека се работи за вообичаена интервенција, пренесува „Фигаро“.

Претходно денеска поради закана за поставена бомба беa евакуирани познатиот музеј Лувр, а нешто подоцна и палатата Версај во Париз.

Франција го подигна нивото на безбедност на највисоко ниво од петокот вечерта, по убиството на учителот Доминик Бернар, кој беше избоден до смрт од млад човек пред гимназијата во Арас. Во тој инцидент уште три лица се тешко повредени, меѓу кои и напаѓачот.

Треба да знаете
Последни објави