Македонија поразена од Украина

Македонската фудбалска репрезентација претрпе пораз од Украина. На натпреварот од 7.коло на „Ц“ групата одигран во Прага, Украинците славеа победа со 2-0 против Македонија.

Мечот го одбележаа голманите кои имаат повеќе фантастични интервенции.

Украинците во 30-тата минута ја казни збунетоста на нашата потесна одбрана. По ударот на Судаков топката го зафати Серафимов и го измами Димитриевски за водство на противникот од 1-0.

Во 35-тата и 36-тата минута имаше две големи шанси за нашите фудбалери. Но, обидите на Миовски и Ашковски украинскиот голман ги одбрани.

Во 52-минута Чурлинов изби сам пред него, но Трубин повторно ја спаси својата мрежа и не дозволи израмнување.

Во 58-минута на спротивната страна своите квалитети ги истакна и нашиот голман Димитриевски кој го одбрани ударот на Мудрик. Само две минути подоцна многу среќа за нашата репрезентација. Матвиленко ја погоди гредата од голот на Димитриевски. 

Нашиот голман беше јунак и во 82-та и 86-тата минута, кога по волејот на Судаков ја одби топката, која од пречката заврши во корнер за Украина, а потоа го одбрабни и ударот на Јаремчук.

Вториот гол македонската репрезентација го прими во петата минута во судискиот дополнение.

Следен предизвик во евро-квалификациите за македонските фудбалери ќе биде Италија, против која ќе играме во Рим на 17-ти ноември. Вечерва Азурите ќе играат против Малта. 

Треба да знаете
Последни објави