Поранешниот лидер на Хамас Мешал одговори на прашањето зошто бил нападнат Израел

Поранешниот лидер на палестинското движење Хамас, Калид Мешал, рече дека она што милитантите го направија минатата сабота е „обид да се стави крај на израелската окупација“ и дека е „горд“ на нив.

Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас која ја контролира Газа како одмазда за масакрот што го извршија на израелска територија пред една недела кога убија 1.300 луѓе, главно цивили, а зедоа десетици заложници.

Во интервју за турската телевизија Хабертурк, Мешал, сега еден од политичките лидери на Хамас, додаде дека конфликтот не започна минатата недела, туку во 1948 година.

„Израел велеше дека нивната армија е најсилна и непобедлива. Кога видовме дека се поразени за неколку часа, се изненадивме и ние“, изјави Мешал.

На прашањето за нападите на милитантите на Хамас врз цивили, деца и постари лица, тој одговори: „Постојано им кажувавме да не го прават тоа“. Но, во време на војна, овие инциденти може да се случат. Зарем тоа не го вели Израел секогаш, дека не убивал цивили намерно?

Мешал додаде дека има голема разлика во она што го прави Хамас во споредба со Израел.

„Ние сме сопственици на оваа земја. Кога непријателот доаѓа однадвор, без разлика дали се војници или цивили, сите тие се непријатели. Кој доаѓа во мојата земја за окупација е непријател и е виновен“, нагласи поранешниот лидер на палестинските милитанти.

Тој исто така рече дека Израел во моментов го обвинува палестинското цивилно население во Газа за нивниот пораз и дека тие се обидуваат да ги иселат Палестинците, што тој го нарече геноцид, но дека тоа нема „да ги ослаби Хамас и палестинскиот народ“.

„Во Виетнам загинаа 3,5 милиони луѓе. Тие извршија геноцид во Алжир. Што се случи? Алжир победи, Виетнам победи“, нагласи Мешал.

Треба да знаете
Последни објави