Приведени жители од дебарското село Хаме при нелегален транспорт на огревно дрво

Полициски службеници од дебарското Одделение за внатрешни работи привеле двајца жители од село Хаме при нелегален транспорт на огревно дрво.

– Вчера во 14 часот, полициските службеници  ги приведоа З.К.(39) и Т.Ш.(28), двајцата од дебарското село Хаме. При контрола, извршена на локален пат во атарот на истото село, полициските службеници ги затекнале лицата при транспорт на огревно дрво без документација, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Според него, известени биле јавен обвинител и претставници на Шумската полиција, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Треба да знаете
Последни објави