Сер Мајкл Кејн се повлекува од глума

Актерот ветеран Мајкл Кејн потврди дека се повлекол од актерството, по објавувањето на неговиот најнов филм „Големото бегство“. 90-годишниот актер го потврди своето пензионирање во најновото интервју.

„Постојано велам дека ќе се пензионирам, но сега сум навистина пензиониран“, изјави Кејн за BBC Radio денес.

„Сфатив, имав кариера во која играв главни улоги и имав неверојатни критики. Единствените улоги што можам да ги добијам сега се за 90-годишни мажи. Или можеби 85 годишни. Тоа нема да бидат водечки улоги. Немате водечки мажи на 90 години, ќе имате млади згодни момчиња и девојки. Затоа си помислив, можеби треба да заминам од сето ова“.

Тој изјави дека три пати го одбил својот последен филм пред конечно да го прифати затоа што веќе се сметал за пензиониран.

Оскаровецот во новиот филм глуми заедно со покојната Гленда Џексон, која почина кратко по завршувањето на филмот.

Треба да знаете
Последни објави