Уапсен еден од напаѓачите врз навивачите на ФК Левски баран со потерница

Денеска околу 08.20 часот на граничниот премин Ќафасан, при влез во РСМ, лишен е од слобода А.Д. (21) од Скопје, кој бил баран со потерница поради основани сомнениа за сторено кривично дело насилство  на 27.07.2023 извршено на ул.”Цветан Димов” во Скопје врз навивачи на ФК Левски од Софија.

По целосно документирање на случајот до ОЈО Скопје  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави