Франција ќе бара ураниум и литиум во Монголија

Франција и Монголија потпишаа договор за инвестирање во вредност од 1,6 милијарди евра, со кој Париз отвора ново поглавје во минералните истражувања на наоѓалиштата на ураниум и литиум во таа централноазиска земја, објави Клод Имовин, шеф на француската нуклеарна компанија „Орано“, пренесоа агенциите.

Договорот беше постигнат за време на официјалната посета на монголскиот претседател Укнагин Курелсук на Франција оваа недела, додека шефот на Елисејската палата, Емануел Макрон, беше првиот француски претседател што ја посети Монголија во мај – додека се враќаше од самитот на Г7 во Јапонија.

Инаку, според официјалниот договор меѓу Париз и Улан Батор, „Орано“ ќе стопанисува со рудникот за ураниум Зувук-Ово во југозападна Монголија по планираното поставување на камен-темелникот следната година и почетокот на експлоатацијата, кој е најавен за 2028 година.

Париз проценува дека во блиска иднина Зувук-Ово проектот „Орана“ ќе направи четири отсто од глобалното производство на оваа стратешка руда. Свртењето на ураниумот на Франција кон Монголија доаѓа по воениот удар во Нигер и одлуката на новата власт да ги разгледа тековните аранжмани за ископување со галските компании.

До неодамна, Франција набавуваше 30 отсто од ураниумот неопходен за производство на електрична енергија за своите нуклеарни централи во Нигер.

Треба да знаете
Последни објави