Фудбалерите на Литванија ја победија Бугарија во Софија

Фудбалерите на Литванија ја совладаа Бугарија вечерва во Софија со 2:0 (1:0) во натпреварот од групата Г од квалификациите за ЕУРО 2024 година.

Головите за прв триумф на Литванците во квалификациите ги постигна Пиус Сервис во 45. и 55. минута.

Избраниците на тренерот Младен Крстајиќ од 42. минута играа со 10 играчи бидејќи вториот жолт картон го доби Андријан Крајев.

Литванците сега имаат пет бода на табелата, три повеќе од Бугарија која е последна во групата.

Црна Гора има осум бода, а Унгарија и Србија кои се среќаваат во 20 часот и 45 минути имаат по 10 бодови.

Треба да знаете
Последни објави