Црногорското МНР со благодарност до македонската влада за помошта во евакуација на црногорски граѓани од Израел

Министерството за надворешни работи на Црна Гора упати благодарност до македонската влада за помошта за евакуација од Израел на црногорски граѓани заедно со македонските.

,,Црна Гора е благодарна на Северна Македонија што овозможи на нејзиниот хуманитарен лет да се најдат и црногорски граѓани.

Благодарност до амбасадата на Црна Гора во Скопје и на македонските амбасади во Подгорица и Тел Авив на посветеноста во реализацијата на евакуацијата” стои во објавата на МНР на Црна Гора на социјалната мрежа Х.

Треба да знаете
Последни објави