Чудни навики на познатите богаташи

Од миење садови и уживање во обилни количини кафе, до качување по дрвја или свирење укулеле, некои од најуспешните луѓе во светот имаат чудни навики и хоби.

Бил Гејтс се лула на столот

Еден од најбогатите луѓе во светот, креаторот на оперативниот систем Виндоус, заработил 129 милијарди евра, можеби поради навиката редовно да се смести на столче за лулсње кога треба да донесе некоја голема одлука. Гејтс откри за Business Insider дека најдобро размислува додека се лула со затворени очи.

Џеф Безос ги мие садовите

Како шеф на компанија од трилиони евра, сопственик на Амазон, веројатно нема многу слободно време. За една работа, тој секогаш наоѓа место во својот распоред, а тоа е миење садови. Тој ја опишува таа работа после вечерата како „најсекси“ работа што некогаш ја направил во животот.

Ворен Бафет свири укулеле

Како еден од најбогатите луѓе на планетата, овој милијардер, индустријалец и филантроп слободното време го поминува свирејќи укулеле со четири жици. Бафет научил да го свири кога имал 18 години и продолжува редовно да свири до ден-денес. Всушност, тој стана толку добар што дури и настапи со Бон Џови.

Мараја Кери спие многу

Една од најпознатите пејачки во светот со спиење ги одржува гласните жици во форма. Таа еднаш во едно интервју откри дека и требаат 15 часа сон секоја вечер за да биде во топ форма.

Сајмон Кауел се качува на дрвја

Медиумски магнат зад некои од најуспешните забавни програми во светот и непријатен судија и продуцент на ТВ шоуто America’s Got Talent, Кауел има помека страна надвор од екранот. Неговото омилено хоби е качување по дрвја.

Стивен Кинг јаде чизкејк

Со повеќе од 350 милиони продадени книги до денес, американскиот автор Стивен Кинг е еден од најплодните автори во светот. За да се расположи да пишува хорор и научна фантастика, Стивен јаде чизкејк, слатко што тој го опишува како „идеална храна за мозокот“.

Марк Цукерберг ја носи истата облека

Многу работи се сменија, но едно нешто што останува иста за сопственикот на Мета е неговата гардероба. Цукерберг секој ден носи иста облека, односно има плакар полн со идентични сиви маици и фармерки. Тој тврди дека облекувањето на ист начин му овозможува да ја фокусира својата енергија на поважни одлуки.

Илон Маск го раслојува животот

Кога тој не управува со Tesla, се обидува да го направи истражувањето на вселената подостапно или развива фрлачи на пламен за забава, Илон Маск го дели денот на петминутни сегменти и ги анализира за да биде попродуктивен.

Ричард Бренсон пие 20 шолји чај дневно

Еден од најпознатите претприемачи на планетата е човек со изненадувачки едноставен вкус. Понатаму, кога станува збор за неговата дневна рутина, британскиот бизнисмен се свртува кон скромната шолја чај, признавајќи дека пие и по 20 секој ден.

Ден Браун виси наопаку

Познатиот автор на Кодот на Да Винчи има уникатен лек за писателската блокада. Кога се бори со приказна, Браун виси наопаку од парче опрема за вежбање. Вели дека оваа техника ја подобрува концентрацијата со зголемување на протокот на крв во мозокот.

Доналд Трамп не спие

Поранешниот претседател на САД тврди дека тајната на неговиот успех е недостиг на сон. Трамп призна дека спие само четири часа навечер.

Еминем ги затемнува прозорците

Музичарите се познати по своите необични барања. Ако им се верува на извештаите, легендарниот рапер Еминем е прилично лесно да се задоволи. Звездата бара целосно да се затемнат прозорците од неговата хотелска соба, бидејќи е опседнат со добар сон.

Треба да знаете
Последни објави