Американската влада ги охрабрува своите граѓани во Газа да се упатат кон југ, кон преминот Рафа со Египет за да бидат подготвени за негово евентуално повторно отворање, соопшти денеска Стејт департментот.
„Ги информиравме американските граѓани во Газа со кои сме во контакт дека доколку сметаат дека е безбедно да се приближат до граничниот премин Рафа“, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Тој рече дека доколку се отвори преминот, toa може да трае само ограничено време.
Египет, Израел и САД претходно денеска се договорија да им дозволат на странците кои живеат во Газа да го преминат граничниот премин Рафа во Египет, изјави висок египетски претставник.
Истиот функционер потврди дека Израел се согласил да се воздржи од напаѓање области низ кои ќе минуваат странци на излез од опколената палестинска територија, дека во преговорите е вклучен и Катар, а дека преговарачите добиле согласност од палестинските групи Хамас и Исламски џихад, наведувајќи дека договорот не се однесува на заложниците кои ги држи Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.