Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре повторно ќе го посети Израел и ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други израелски претставници, соопшти денеска портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Блинкен во моментов е во Каиро, како попатна станица од неговата посета на Блискиот Исток, по нападот врз Израел на 7 октомври од палестинската милитантна група Хамас, јави Си-ен-ен.
Блинкен во изминатите четири дена ги посети Израел, а потоа и Јордан, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.