Осимен и испратил полиција на сестрата и зетот поради наводна уцена за 470.000 евра !

Напаѓачот на иоталијанскиот фудбалски првак Наполи, нигерискиот интернационалец Виктор Осимен ја пријавил сестра му и зетот дека го уценуваат. Осимен ги тужел сестрата и зетот поради сума од 470.000 евра и наводни уцени, а притоа повикал и полиција која интервенирала и ја уапсила жената.

Неговиот зет се јавил во медиумите и го обвини Осимен дека испратил полиција поради судскиот спор.

Зетот од напаѓачот на Наполи наводно добил ветување дека ќе му биде исплатена провизија од 470.000 евра по трансферот на Осимен од Лил во Неапол.

Треба да знаете
Последни објави