Претседателот Пендаровски во Крушево се обрати на настан по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Крушево се обрати на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената од руралната средина.

Настанот е во организација на Националната федерација на фармери со поддршка на шведската развојна организација „We Effect” и Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ, со цел подигнување на свеста за важноста и улогата на жените од руралните средини и унапредување на нивната економска и социјална положба во општеството.

Ви благодарам на честа да бидам дел од настанот посветен на одбележување на 15-ти октомври – Меѓународниот ден на жената од руралната средина. Денеска, токму со одбележувањето на овој значаен датум и преку овој настан, придонесуваме за подигање на свеста за значењето на  придонесот на руралната жена во локалните заедници, но и во општеството во целина. За жал, мораме да признаеме дека во реалноста сеуште сме далеку од постигнувањето на целосна рамноправност на руралната жена на било кое ниво во државата.

Несомнено, ни претстои голема работа за да овозможиме економска самостојност и социјална интеграција на руралната жена. При тоа, неопходен услов е поддршката на женското лидерство и на организациите кои се занимаваат со оваа проблематика, рече меѓу другото во совоето обраќање претседателот Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави