Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го освои Мастерс-турнирот во Шангај, откако во финалето во возбудлива завршница го победи Русинот Андреј Рубљов со 2:1 (6:3, 3:6 и 7:6).
Рубљов кој важеше за фаворит во финалето, прокоцка меч-топка во тај-брејкот на третиот сет, па беше казнет од Хуркач кој го доби со 10:8 тај-брејкот.
Ова беше трето финале на Мастерс-турнирите за Хуркач, како и втора титула на големите турнири, откако претходниот го освои Мајами во 2021 година.