(ЕКСКЛУЗИВНО ОД КИЕВ) Османи: Украина останува во фокусот на вниманието

„Кога почнавме со претседавањето имавме еден воспоставен принцип: no business as usual – оваа година. Не може да разговараме за обичните теми на ОБСЕ во смисла на сеопфатната безбедност. Кога ви се рушат темелите на организацијата тогаш мора да се фокусирате на тоа, а овде во Украина баш тоа се случува: руската агресија врз Украина ги руши принципите на меѓународниот поредок“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за Цивилмедиа, снимано на необична локација, во воз кој патува кон Киев.

Османи истакна дека Украина беше топ приоритет на нашето претседавање на ОБСЕ, затоа што тука се утврдува или се руши иднината на пристапот на ОБСЕ во смисла на сеопфатна безбедност во Европа.

„Мојата прва посета како претседавач беше во Киев, еве ја заокружувам годината повторно во Киев“, изјави Османи.

Османи зборуваше и за 21 проект кои ОБСЕ ги води во Украина, од кои еден е и деминирањето.

„Проценката е дека околу 100.000 километри квадратни во Украина се контаминирани со мини. Процесот на деминирање нема да биде краткорочен. ОБСЕ ги поставува темелите и ќе ги има предвид и еколошките последици од еден таков процес“, истакна Османи.

Треба да знаете
Последни објави