Пласман на Европското првенство во Германија 2024 обезбеди фудбалската репрезентација на Австрија, која вечерва со 1:0 го совлада Азербејџан во квалификацискиот натпревар од групата Ф. Стрелец на победничкиот гол беше Марсел Сабицер од пенал во 48. минута.
Австрија со 16 бодови се пласираше во колото на ЕП пред крајот на квалификациите. Белгија е втората репрезентација од групата Ф која обезбеди учество на ЕП. Белгија исто така има 16 освоени бодови, но и одигран натпревар помалку.
Со вечерашната победа на Австрија, Шведска која во моментов има шест бода од пет натпревари нема шанси за пласман на ЕП.
Од претходно без шанси за пласман на ЕП останаа Азербејџан и Естонија.