Најмалку две лица загинаа денеска во престрелка во Брисел, соопштија локалните власти.
Медиумите јавуваат дека напаѓачот е во бегство, и дека е отворена истрага за пукањето, јавува Би-би-си.
Според белгискиот весник „Het Laatste Nieuws“, жртвите се шведски државјани, а се претпоставува дека се навивачи.
Фудбалската репрезентација на Шведска игра против Белгија во квалификациите за ЕП 2024 година.