Зголемени прогнозите за глобалното производство на жито

Најновата прогноза на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) за глобалното производство на житни култури во 2023 година е зголемена за 3,8 милиони тони во однос на претходната и сега изнесува 2,819 милиони тони. За ова најмногу придонесува ревидираната прогноза за пченицата, пренесува Агроклуб.

Светското производство се зголеми на 785 милиони тони, главно врз основа на проценките на жетвата во Русија и Украина благодарение на поволните временски услови. Намалена е прогнозата за јачменот, најмногу поради сушата во Канада.

На глобално ниво, употребата на жито исто така се зголеми на 2.804 милиони тони, што е за 21,8 милиони тони повеќе отколку во 2022/23 година. Побарувачката за пченка се очекува да се зголеми, додека побарувачката за јачмен ќе се намали.

Прогнозата за светските резерви на жито до крајот на сезоната 2024 година е зголемена за 6,1 милиони тони во однос на претходниот месец и сега изнесува 884 милиони тони. Тие се зголемија на 319 милиони тони за пченица, што произлегува од повисоките залихи во Русија и Украина.

Тие се зголемија и за пченката, благодарение на поголемото производство во Бразил и САД, на 366 милиони тони.

Треба да знаете
Последни објави