Израелските фудбалски клубови бараат одложување на европските натпревари

Во заедничко писмо испратено до УЕФА, израелските фудбалски клубови Макаби Тел Авив и Макаби Хаифа побараа денеска одложување на нивните претстојни натпревари во европските купови.

Макаби Хаифа настапува во групата Ф во Лига Европа и побара одложување на дуелот од третото коло во кое му гостува на шпански Виљареал. Истото го побара и Макаби Тел Авив кој настапува во групата Б во Конференциската лига, а во третото коло како домаќин треба да игра против украинска Зорја.

Двата натпревари се на програмата на 26 октомври.

„Поднесовме заедничко барање за одложување поради војната која во моментов трае во Израел. Тоа е најмалку што УЕФА може да стори за нас во овој момент, во овие тешки времиња кога многу наши луѓе се на фронтот“, се наведува во заедничкото писмо на двата израелски клубови испратено во раководството тело на европскиот фудбал. 

Треба да знаете
Последни објави