Израел ќе ги евакуира граѓаните од пограничната област со Либан

Израел го активираше планот за евакуација на граѓаните кои живеат на два километра од границата со Либан, соопшти денеска израелската армија.

Одлуката за евакуација на населените уследи по размената на оган на израелската армија со Хезболах, паралелно со конфликтот со Хамас во јужен Израел.

Во соопштението, израелските одбранбени сили и Министерството за одбрана соопштија дека планот бил одобрен од министерот за одбрана Јоав Галант и вклучува евакуација на граѓаните од 28 населби. 

Треба да знаете
Последни објави