Сеќавање на Тоше кој пред 16 години загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

Македонија и регионов се сеќаваат на Тоше Проески (роден на 25 јануари 1981 г.) кој на денешен ден пред 16 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска, кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Засекогаш остави празнина, непребол по ангелскиот глас, кој сè уште одѕвонува иако физички не е меѓу нас.

Зад себе остави големо музичко богатство. Објави седум албуми, а последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата.

Последниот концерт го одржа на Градскиот стадион во Скопје, кој сега во негова чест го носи неговото име „Арена Тодор Проески“, на 5 октомври 2007.

Во 2004-та ја претставуваше Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Треба да знаете
Последни објави