Видео: Мицкоски го копира концептот на Заев „Парите назад кај граѓаните“?

Христијан Мицкоски вчера објави видео на социјалните мрежи каде во разговор со граѓанин вели дека државата има пари, но дека тие не се трошат рационално. 

„Пари има, пари има во буџетот, лошото е што парите од буџетот се трошат за проекти коишто никој не ги гледа“ вели Мицкоски во разговорот. 

Ова видео и тврдењата на Мицкоски, неодоливо потсетуваат на настапите на Зоран Заев во предизборието во 2016 година, но и низ годините од неговиот мандат како премиер.

Заев често го промовираше концептот што неговата СДСМ го нарече „Парите назад кај граѓаните“.

Заев често зборуваше дека „има(ло) пари во државата но дека тие не завршувале кај граѓаните и дека тој и СДСМ тоа го менуваат.

„Целта е да вратиме пари кон нашите сограѓани. Има пари во Македонија, само треба чесна политика“ велеше Заев во 2017 година, само неколку месеци откако ја презема премиерската функција.

„Докажавме дека државата има пари, но тие пари треба да се насочат кон граѓаните и проектите за подобрување на животот на граѓаните, а не за споменици шмизли, бронза, златни огради и жални врби“ ќе каже Заев пред повеќе од две години на партиски настан.

Дали овој концепт му се допаднал на Мицкоски, па решил да го копира неколку години подоцна или пак неговите тврдења се чиста случајност, останува да видиме. 

Треба да знаете
Последни објави