Полските националисти и покрај релативната победа тешко до нов мандат

Полскиот претседател Анджеј Дуда најверојатно ќе ја даде првата можност за формирање влада по изборите на партијата која доби најмногу гласови, а тоа се владејачките националисти „Право и правда“ (ПиС), изјави неговата помошничка Малгоржата Папроцка.

Прашана на приватната телевизија дали ПиС ќе има задача да формира влада, Малгоржата Папрочка рече: „Така тоа денес изгледа, гледајќи ги членовите од уставот, гледајќи ја традицијата“.

Според излезните анкети, полскиот проевропски опозициски блок освои мнозинство на парламентарните избори вчера, а ако тоа го потврдат и официјалните резултати, владејачката националистичка партија ПиС нема да добие трет мандат.

Трите опозициски партии од центарот, Граѓанската коалиција (КО), Третиот пат (Христијанските демократи) и Левица освоија 248 места во Парламентот од 460, додека ПиС и нејзиниот сојузник Конфедерацијата (крајната десница) имаат 212 места.

„Не е јасно дали резултатите од изборите во неделата во Полска ќе завршат со нов мандат на владејачката партија „Право и правда“ (ПиС)“, рече нејзиниот лидер Јарослав Качински.

Неговиот партиски колега, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, на социјалната мрежа објави дека ПиС е „победник на изборите“. 

Треба да знаете
Последни објави