Бројот на патници на аеродромите во земјава во првите девет месеци достигна 2,65 милиони, над 30 отсто повеќе од истиот период лани

Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во земјава за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти денеска „Aeroports de Paris“ (АДП).

Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти повеќе од септември 2022 година, се вели во соопштението на „АДП“.

На двата аеродроми се реализирани 17.683 полетувања и слетувања во периодот јануари-септември, што исто така е зголемување за  19,3 проценти во споредба со првите девет месеци од минатата година.

Само во септември на двата аеродрома имало 2.339 полетувања и слетувања или  16,1 проценти повеќе отколку ланскиот септември.

Компанијата „АДП“ поседува 46 отсто од аеродромите со кои стопанисува турскиот „ТАВ“ што управува и со двата аеродроми во земјава.

Треба да знаете
Последни објави