Блинкен се сретна со палестинскиот претседател Абас во Јордан

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во Аман се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, од кого побара да продолжи да ја одржува стабилноста на Западниот Брег, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер.

Од друга страна, Абас му порача остро да се спротивстави на протерувањето на Палестинците од Појасот Газа.

„Една од работите што ги слушнавме многу јасно од претседателот Абас на денешниот состанок е дека треба да се потсетиме на историскиот контекст: многу луѓе во Газа се луѓе кои двапати биле бегалци и постои загриженост поради идејата Палестинците да бидат принудени да ја напушти палестинската територија“, изјави извор од американската телевизија.

Блинкен и минатата недела се сретна со Абас, а се очекува и американскиот претседател Џозеф Бајден да се сретне со палестинскиот претседател за време на неговата посета на Блискиот Исток.

Треба да знаете
Последни објави