Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали испрашуван во врска со обложување

Фудбалерот на Њукасл и италијански репрезентативец Сандро Тонали денеска е сослушан во Торино поради учество во скандал со обложување, пренесува италијанскиот Скај Спорт.

Тонали утринава пристигна во Торино од Англија. Менаџерот на италијанскиот фудбалер Џузепе Рисо денеска изјави дека Тонали е подготвен да признае дека е зависник од коцкање.

Рисо изјавил дека фудбалерот на Њукасл е подготвен да склучи договор за признавање вина со судските и спортските власти.

Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли денеска склучил договор за признавање на вината. Тој е суспендиран на седум месеци и казнет со 12.500 евра.

Фаџоли минатата недела призна дека се обложувал на фудбалски натпревари.

Покрај Тонали и Фаџоли, во скандалот со обложување е вмешан уште еден италијански фудбалер, Николо Заниоло.

Треба да знаете
Последни објави