Јорданскиот крал Абдула денеска предупреди да не се помислува палестинските бегалци да се „убуткаат“ во Египет или Јордан.
Монархот смета дека е план на „вообичаените осомничени да се обидат да создадат таква ситуација на терен“, но не прецизираше на кого точно се мисли.
На прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, кралот на Јордан истакна дека хуманитарната ситуација на Палестинците мора да се решава внатре во Газа и на Западниот Брег.
„Нема бегалци во Јордан, нема бегалци во Египет“, рече кралот Абдула и изјави дека тоа е „црвена линија“.