Лајчак и Ескобар пристигнуваат во Белград и Приштина

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, заедно со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, в сабота на 21 октомври ќе ги посетат Белград и Приштина. Претставниците на ЕУ и САД ќе имаат средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти, соопшти портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Лајчак ќе допатува со советниците за надворешна политика и безбедност на францускиот претседател, германскиот канцелар и италијанскиот премиер Емануел Бон, Јенс Плетнер и Франческа Тал.

Целта на оваа посета, како што се наведува, е да се постигне конкретен напредок во имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација и деескалација по последните настани.

ЕУ, нејзините земји-членки и САД остануваат, како што се наведува, силна поддршка за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, како и за европската иднина на целиот регион.

-Имаме јасни очекувања дека двете страни ќе го продолжат процесот на нормализација и ќе ги исполнат своите обврски без одлагање или условување, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави