Макрон: Посетата на Тирана е потврда за повторно ангажирање на Франција во регионот

 Францускиот претседател Емануел Макрон, кој е во посета на Тирана, на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама порача дека Европа треба да се обедини и да продолжи да биде велесила и оти неговата посета на Тирана е „потврда за повторно ангажирање на Франција во регионот, кој минува низ тешки времиња“.

-Европа не може да ги остави балканските земји надвор од неа, бидејќи ова зближување е во интерес на сите. Мојата посета е форма на повторно ангажирање на Франција во регионот. Голема грешка што до сега не дошол во посета на Албанија ниту еден француски претседател, беше моментот да се направи тоа, ова е форма на поправање на грешката, рече Макрон.

Се залагаме за европско обединување, посочи тој.

-Процесот на проширување не е подарок што и се дава на Албанија, добро е и за вас, и за нас, тоа е геополитички избор, добро и за вас и за нас и за унапредување на реформите. Тензиите меѓу Белград и Приштина, треба да не доведат до решавање на некои од споровите што не засегаат. Сакам да ви се заблагодарам за вашето пријателство и гостопримство, но и за силата на европскиот сон, рече тој.

На новинарско прашање за датум на почнување преговори одговорил дека датумот нема смисла.

-Датумот нема смисла. Ова оди заедно со посветеноста на земјата, се заснова на заслуги. Денот кога една земја се движи побрзо за да се трансформира од регионални кризи, можеби. Значи, конкретен датум е против овој дух. Она што го провоцира процесот е надворешен геополитички провокатор. Ние одлучуваме суверено, се откажуваме од некои овластувања по наша желба, тоа е тежок избор во земји кои живееле во тоталитаризам. Европа е како Москва, никогаш не кажувајте го тоа, вие суверено го избравте Брисел. Овој пат е важен, рече тој, јави abcnews.al.

Рама пак рече дека дека датумот кога ќе биде интегрирана во ЕУ не е важен за Албанија, но „важно е ЕУ да се претвори во механизам кој ќе помогне да се прошири она што беше започнато вчера на самитот да се прошири уште повеќе“.

Тој искажа задоволство што во синоќешниот говор претседателот многу јасно ставил до знаење дека проширувањето на ЕУ не треба да го попречува.

-Многу сум среќен што по најмалку еден век чекање, 101 година од воспоставувањето дипломаски односи, во Албанија, шеф на држава на Франција доаѓа во билатерална посета. Оваа посета е многу повеќе од формална посета. Тоа е пријателска посета и посветеност за натамошно продлабочување на односите меѓу Франција и Албанија. Ако ги погледнеме конкретните податоци, тој препозна висок развој како резултат на повторното ангажирање на Франција во регионот, преку посветеноста на претседателот во потрага по конкретен и продуктивен однос за ЕУ и Западен Балкан, однос кој мора да помине низ процесот на европска интеграција и мора да може да му овозможи на регионот да биде во ЕУ на секој чекор, рече Рама.

Макрон во посета на Тирана пристигна синоќа кога во Палатата на бригадите беше примен од Рама а на свеченоста на познатиот албански писател Исмаил Кадаре, кој со семејството живее во Париз од 1990 година, му го врачи најголемо француско одликување „Голем офицер на Легијата на честа“.

Денеска со сите државнички почести беше пречекан од неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој посетата ја оцени како историски настан во односите меѓу две земји и која означува почеток на „многу динамична нова фаза во односите меѓу двете земји“

-Претседателот Бегај изрази благодарност за поддршката што Франција и претседателот Макрон ја даваат на процесот на проширување и европска интеграција на Албанија и другите земји од регионот на Западен Балкан преку Берлинскиот процес. Исто така, му се заблагодари за неговиот придонес во поддршката на дијалогот меѓу Косово и Србија, особено преку француско-германскиот план, нагласувајќи ја потребата од понатамошна поддршка на овој дијалог, но и потребата да се казнуваат и обесхрабруваат актите на насилство и провокации во општините на северно Косово, стои во соопштението од кабинетот на Бегај.

Се додава дека Бегај оценил дека „ Косово е суверена и независна земја, а терористичките акти како онаа на Бањска во Звечан (24.09.2023) се за осуда и се неприфатливи за неговата безбедност, но и за регионот и за целиот европски континент“.

Делегациите на двете земји потпишаа неколку договори за сорабока.

Треба да знаете
Последни објави