Министерот за одбрана на Турција, Гилерм во посета на Косово

Mинистерот за одбрана на Турција, Јашар Гилерм допатува претпладнево во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Гилерм беше пречекан со државни почести од страна на неговиот косовски колега, Ејуп Маќедонци, по што двајцата министри заминаа на тет-а-тет средба.

Освен со Маќедонци, гостинот од Турција во Приштина ќе се сретне и со командантот на Безбедносните сили на Косово, генерал-потполковник Башким Јашари.

Од кабинетот на косовската претседателка, Вјоса Османи најавија дека таа попладнево ќе го прими Гилерм во нејзиниот кабинет. 

Треба да знаете
Последни објави