Поранешен британски генерал: Зимата нема да ги запре борбите во Украина

Малку е веројатно дека студените зимски услови ќе ги запрат борбите во Украина, изјави поранешен британски воен командант. Прашан дали борбите би можеле набргу да завршат поради зимата, генерал-мајор Руперт Џонс изјави за „Скај њуз“ дека двете страни покажале оти се „подготвени да се борат до крај“.

„Како што врне и малку станува калливо, возилата сè потешко се движат, но војниците сè уште може да се движат. Во одреден момент земјата замрзнува и може да ги забави операциите, но Украинците и Русите покажаа во текот на минатата година дека се подготвени да се борат до крај“, рече тој.

Тој додаде дека „малку се смирило во Украина“, но и дека Русите „ја изведоа најголемата офанзива оваа година“. Во регионот на Донецк руските трупи ги интензивираат своите напади и иако не постигнаа голем напредок, тие вршат координиран напад, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави