Регионална конференција за проблемот со лицата без државјанство во ЈИЕ

Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), денеска ќе организираат регионална конференција во Скопје, под покровителство на Претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија, на која ќе се расправа за проблемот со лицата без државјанство во Југоисточна Европа.

Конференцијата ќе ги собере националните власти и претставници на граѓанското општество од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и од Србија. Тие ќе разменат најдобри практики за пристап до граѓанска документација и обезбедување правен идентитет, вклучително и регистрација на раѓање, за да се стави крај на проблемот со лицата без државјанството, соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе се обратат претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи, помошникот висок комесар за заштита на УНХЦР Џилијан Тригс, високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Каират Абдрахманов, Матео Мекачи директор на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал. 

Треба да знаете
Последни објави