Приведен крадец баран со потерница

Денеска (18.10.2023) во 09.45 часот во с.Инџиково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.М.(31) со живеалиште во Скопје. Тој бил баран со потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави