Саудиска Арабија ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан

Амбасадата на Саудиска Арабија во Бејрут денеска ги повика сите граѓани на Саудиска Арабија веднаш да го напуштат Либан поради конфликтот меѓу Хамас и Израел, во кој беше вклучен и либанскиот Хезболах.

„Амбасадата на Кралството Саудиска Арабија во Република Либан внимателно го следи развојот на актуелните настани во регионот на јужен Либан и ги повикува сите граѓани да ја почитуваат забраната за патување и веднаш да ја напуштат територијата на Либан“, се вели во соопштението.

Светските медиуми пишуваат дека постои опасност актуелниот конфликт да прерасне во поширока војна на Блискиот Исток.

Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб предупреди дека може да избие „сериозен регионален конфликт“ доколку Израел не ги прекине воздушните напади врз Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави