Спасовски: Благодарност до Црвениот крст, партнерството продолжи

Искрена благодарност во свое и во име на МВР до Црвениот крст на Република Северна Македонија за укажаното признание за соработката и поддршката при организацијата и учеството во спроведувањето на вежбата на Црвен крст „Хуманитарен Одговор 2023“ објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

,,Упатени сме кон уште подобра координација и комуникација со граѓанскиот сектор, кон зголемување на постојниот капацитет и негово инкорпорирање во еден поширок систем на делување при итни ситуации, како своевидна есенцијална алка на тој систем. Уште еднаш можам слободно да констатирам, врз основа на искуствата од досегашната соработка на МВР, како едно од алките во ланецот на институционално делување во областа на безбеденоста со Црвениот крст, дека ние веќе имаме исклучителни предуслови за натамошно уште поквалитетно и поефикасно заедничко делување.

Продолжуваме со отвореноста и партнерството, напиша Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави