Како што соопшти Агенцијата за управување со одземен имот пред некој ден, започната е постапка за враќање на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Покрај апартмани и градежно земјиште, одземени се и ќе бидат ставени на продажба и два стана што се наоѓаат на ул.Бихаќка еден од 65м2, другиот од 44м2.
Овие станови Груевски ги купува во екот на воените дејствија во Македонија во 2001 година, поточно еден ден по масакрот на македонските безбедносни сили во месноста Карпалак.
Груевски, становите ги купува од Јавното станбено претпријатие, а како сопственик е запишана неговата мајка.
Сепак, 22 години подоцна, државата ги одзема и ги става на продожба и интересно ќе биде да се види каков ќе биде интересот за становите каде со години живеел еден од поранешните македонски премиери.