Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија (АДКОМ) денеска организира меѓународна конференција на тема „Комуналните услуги во паметните градови”.
Конференцијата, како што е најавено, треба да ја отворат министерката за животна средина Каја Шукова, претседателот на АДКОМ Пеце Милевски и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
Паралелно ќе биде поставена и техничка изложба – саем на комунална опрема, на кој повеќе од 20 компании ќе ги претстават своите производи.