Пропалестински демонстранти вечерва упаднаа во зградата на „Кон Хаус“ на Капитол Хил во Вашингтон, јавуваат американските медиуми.
Во таа зграда се наоѓаат неколку канцеларии на Претставничкиот дом и Конгресот.
Полицијата на Капитол соопшти дека не се дозволени демонстрации внатре во Капитол и дека работи на расчистување на толпата.
Полицијата веќе приведе неколку лица додека низ зградата одекнуваат извици „прекин на огнот сега“, пренесува Фокс њуз.
Каналот вели дека протестот најверојатно е поврзан со групата „Еврејски глас за мир“, која повикува на примирје и се спротивставува на „етничкото чистење на Палестинците од страна на израелската влада“.