САД и сите западни земји кои го поддржуваат Израел „ја сносат целосната одговорност за војната против цивилите во Газа“, изјави денеска претставникот на Хамас, Осама Хамдан.
Тој ова го изјави на прес-конференција во Либан по експлозијата во болницата Ал Ахли во Газа, пренесува Би-Би-Си.
Хамас, кој управува со Појасот Газа, го обвини Израел за бомбардирање на болницата.
Израелската армија тврди дека се работи за ракети истрелани неуспешно од страна на палестинскиот исламски џихад и дека се зголемува бројот на неуспешни ракетни лансирања од Газа.