Приведен крадец што крадел од цркви во Македонски Брод

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, денеска (19.10) во близина на с.Суводол, Македонски Брод го лишиле од слобода Т. Б.(53) од  Штип, поради основи на сомнение дека извршил тешки кражби во црквата Св.Димитрија во с.Требино и црквата Св.Пречиста  во с.Русјаци, Македонски Брод.

За Т.Б. била распишана и  централна потерница од КПУ-Затвор Струмица за доиздржување на затворска казна за извршени тешки кражби. Тој во целост ги признал кривичните дела и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а спроведен е во КПУ Затвор Струмица.

Треба да знаете
Последни објави