Холивудската актерка во потрага по своите корени пристигна во Задар

Државниот архив во Задар  неодамна го посети познатата холивудска ѕвезда Стана Катиќ во потрага по своите корени. Се прослави со улогата на детективката Кејт Бекет во серијата „Касл“, но освен неа, 45 годишната актерка и продуцентка забележителни улоги имаше и во сериите како „Итни служби“, „ЦСИ Мајами“ , „Отсуство“ и филмови како што е „Зрнце утеха“ и акциониот спектакл за Џејмс Бонд, тајниот агент 007, во кој ја играше Корин Вено.

„Убава, едноставна и достапна, на совршен хрватски јазик, ни го разубави денот и вети дека ќе дојде повторно“, напишаа во објава администраторите на Фејсбук страницата на Државниот архив во Задар, на која објавија фотографии од Стана Катиќ како ја прелистува нивната архива.

Катиќ е родена во Хамилтон, Онтарио, Канада. Во опишувањето на својата етничка припадност, таа изјави: „Моите родители се Срби од Хрватска. Имам Срби, Хрвати, па дури и неколку членови на семејството од Црна Гора“. Нејзиниот татко е од Врлика, Хрватска, а нејзината мајка е од околината на Сињ, Хрватска.

Катиќ минатата година стана мајка во брак со австралискиот деловен консултант Крис Бркљач, со кој се омажи во 2015 година, кој исто така е со корени од регионов.

Треба да знаете
Последни објави