Во Скопје регионална експертска конференција за Кластер 1

Во рамките на проектот „Правдата нека владее со регионот“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“.

На овој регионален експертски дијалог се очекува да бидат разменети национални практики и знаења кои ќе придонесат за создавање и усвојување препораки во насока на подобрување на условите во оваа област. Исто така, се очекува да биде развиен документ со споредливи резултати и конкретни предлози за јавни политики упатени до клучните актери во процесот на пристапување во ЕУ.

Проектот „Правдата нека владее со регионот“е поддржан од Кралството Холандија (MATRA), а со своите активности за следење на преговарачките прашања опфатени со Кластер 1, има за цел да придонесе кон реформите во правосудството, безбедноста, превенцијата и борбата против корупцијата, како и за други прашања од витално значење за ЕУ-интегративните процеси во трите земји – Албанија, Северна Македонија и Србија.

Проектот се заснова на постојните структури на Националната конвенција за Европската Унија, партиципативен модел на дијалог кој функционира во Србија, Албанија и Северна Македонија што придонесува за демократизација на процесот на интеграција во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави